сабота, 27 јули 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 17:40 часот денеска е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир, соопштија од АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно поради сообраќајна незгода од 15:35 часот во прекин беше сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка – Деве Баир.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија од ЈП Македонија пат.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, се наведува во соопштението од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ