четврток, 12 декември 2024

Норис најбрз во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата во конструктори

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во Формула 1, трката за Големата награда на Абу Даби, неговиот триумф значеше и титула во конструктори за Мекларен.

Објавено на

часот

Сподели

Првпат по 1998 година Мекларен се радува на титулата за конструктори. Неа ја завери Ландо Норис со одлично возење. Тој прв ја мина целта во Абу Даби и запиша нова победа.

Зад него со 5,8 секунди заврши Карлос Саинц, а место на подиумот имаше и за другиот возач на Ферари, Шарл Леклер.

Во топ 10 завршија и Хамилтон, Расел, Ферсапен, Гасли, Хулкенберг, Алонсо и Пјастри.

Следната сезона ќе започне во март со трката за Големата награда на Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ