петок, 18 октомври 2024
Формула 1

Норис лошо стартуваше, па доминираше во Зандворт за победа пред домашниот херој Ферстапен

Ландо Норис ја расипа забавата на домашната публика во Холандија, возачот на Мекларен брзо се исправи по лошиот старт и доминираше во Зандворт за победа пред Макс Ферстапен и Шарл Леклер.

Објавено на

часот

Сподели

Макс Ферстапен изминативе три години редовно победуваше на домашната трка во Зандворт, но актуелниот шампион денеска не можеше да му парира на Ландо Норис.

И покрај тоа што Холанѓанецот ја поведе трката по лошиот старт на Ландо Норис, беше на чело на колоната до кругот број 18, потоа напред изби возачот на Мекларен и во ниту еден не дозволи да биде загрозена неговата позиција.

Како одминуваше времето, тој само ја зголемуваше предноста и на крајот мина прв низ целта со 22 секунди предност во однос на Макс Ферстапен.

Зад нив, Шарл Леклер имаше квалитетна трка и успеа да се искачи на последното место на пиедесталот, одолевајќи на притисокот од Оскар Пиастри.

Неговиот тимски колега, Карлос Саинц исто така имаше ипресивен настап и финишираше како петти, пред Серхио Перез.

Во бодови уште завршија Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ