недела, 19 мај 2024

Норис ја оствари првата победа во Формула 1

Ландо Норис победи на возбудливата трка во Мајами и првпат во кариерата триумфираше во Формула 1, актуелниот шампион, Макс Ферстапен, заврши на второто место.

Објавено на

часот

Сподели

Норис стана 140. победник на трка во Формула 1, а добрата форма ја најави уште на претходната трка кога во Кина заврши на второто место.

Макс Ферстапен првпат по една година не успеа да заврши прв на трка која ја извозе до крај, односно не му откажа болидот.

За Норис ова е прва победа иако претходно дури 15 пати се качил на пиедесталот, но секога на втортата или на третата позиција.

Ферстапен стартуваше од пол-позицијата, но уште на стартот го загуби водството и до крајот не успеа да го стигне Норис. Важен сегмент за победата на Британецот беше и излегувањето на безбедносното возило по судирот меѓу Кевин Магнусен и Логан Саргент.

Покрај Норис и Ферстапен, место на пиедесталот имаше уште и за Шарл Леклер од Ферари.

Во топ десет завршија уште и Саинц, Перез, Хамилтон, Цунода, Расел, Алонсо и Окон.

Во генералниот пласман прв останува Ферстапен со 136 бодови, следуваат Перез со 101 и Леклер со 98.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ