понеделник, 23 септември 2024
Формула 1

Норис доминираше во Сингапур, Ферстапен ја минимизираше штетата па доби и помош од Рикардо

Ландо Норис триумфираше на ГН на Сингапур, возачот на Мекларен доминираше и славеше со 20+ секунди, но Макс Ферстапен ја минимизираше штетата со финиш на второто место, а помош доби и од Даниел Рикардо.

Објавено на

часот

Сподели

Доминантно издание на Ландо Норис во Сингапур, поведе од пол-позиција, беше недопирлив на врвот и на крајот мина прв низ целта со 20+ секунди.

Сепак, Макс Ферстапен ја минимализираше штеата со финиш на второто место, па разликата во генералниот пласман сега е 52 поени, на шест трки (плус два Спринта) до крајот на сезоната.

Холанѓанецот помош доби и од Даниел Рикардо, кој го освои екстра бодот за најбрз круг.

Последното место на пиедесталот му припадна на Оскар Пиастри, за уште еден успешен викенд за Мекларен.

Џорџ Расел одолеа на нападите на Шарл Леклер во битката за четврото место, а во бодови уште завршија Хамилтон, Саинц, Алонсо, Хулкенберг и Перез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ