сабота, 27 јули 2024

Нордиски медиуми тврдат дека руски шпионски бродови подготвуваат саботажи во северна Европа, Москва негира

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ тоа веднаш го отфрли наведувајќи дека обвиненијата се неосновани и повика на транспарентна и непристрасна меѓународна истрага на саботажата на гасоводот Северен тек во Балтичко Море во септември минатата година.

Според заедничката истрага на телевизиите НРК од Норвешка, ДР од Данска, СВТ од Шведска и Иле од Финска, кои се повикуваат на извори од разузнавачките служби на нордиските земји, Москва за шпионирањето го користи бродот „Адмирал Владимирски“, кој официјално е научно пловило.

На крајот на 2022 година тој брод пловел блиску до големите паркови со ветерници во морето кај Данска и Британија, што може да значи дека ја бележел енергетската инфраструктура.

Кога тим на телевизијата ДР му се приближил на бродот „Адмирал Владимирски“, излегле двајца вооружени војници со маски и им дале знак дека се забележани, се гледа на исечок од документарецот кој го објави данската телевизија.

Руската разузнавачка служба редовно користи и рибарски и товарни бродови, дури и јахти, опремени со средства за подводен или радио надзор, се тврди во истрагата на нордиските медиуми.

Документарецот „Војна не сенките“ наведува случај кога норвешката полиција открила стари советски радио станици, со оператор, на руски рибарски бродови.

Како што се тврди, 27 такви сомнителни бродови пловеле во шведските води или влегле во шведските пристаништа во текот на последните пет години.

Во Норвешка во текот на десет години, според пресметката врз основа на „електронскиот потпис“ на бродовите АИС (Автоматски идентификациски систем), најмалку 50 руски бродови имале можност тајно да собираат информации, наведува телевизијата НРК.

Документарецот кој во целост требаше да биде емитуван вечера, веднаш предизвика реакција на Москва која укажа на одговорноста на Западот за саботажата на руските подморски гасоводи Северен тек кои ги поврзуваат Русија и Германија.

„Медиумите на тие земји направиле грешка во својата истрага. Повеќе сакаат повторно неосновано да ја обвинуваат Русија“, им кажа денес на медиумите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Ние повеќе би сакале повеќе внимание да посветат на нападите на Северен тек и на транспарентна и непристрасна меѓународна истрага на тие акти на саботажа“, истакна Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ