Како што соопштуваат од галеријата, книгата е настаната во текот на неговиот петгодишен престој во Полска (1995 – 1999) како прв амбасадор на независна Република Македонија во Полска. Во книгата на 810 страници со фотодокументација од многубројните настани, во вид на мемоари, записи, дневник, неговите белешки на непосреден начин говорат за неговите дипломатски искуства.
На промоцијата присуствуваа членови на Дипломатскиот клуб – Скопје, како и претставници од јавниот и културниот живот на земјава.
Промоторот на книгата беше амбасадорот Јован Теговски, а пригодно обраќање имаше и заменик амбасадорот во Aмбасадата на Република Полска во Македонија, Ана Каспшах.
Покрај рецензентот на книгата, Драган Јањатов, излагање имаа и претставници во име на Дипломатскиот клуб Скопје.
Дипломатскиот клуб Скопје поради интересот на публиката, најави нови настани од циклусот промоции на бројни книги од авторите дипломати, како и непосредни претставувања на амбасадори кои оставиле трага во архивите на билатералната и мултилатералната дипломатија на Северна Македонија.