четврток, 26 декември 2024

Ноќеска на полноќ запален билборд на претседателскиот кандидат Таравари

Коалицијата Вреди го крева гласот против палењето на билбордот на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, ноќеска на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, пишува во реакцијата на коалицијата испратена денеска до јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Од коалицијата Вреди велат дека ноќеска на полноќ биле известени дека бил опожарен билбордот од претседателскиот кандидат Арбен Таравари кај Зоолошката градина во Скопје.

„Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат“, велат од коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ