вторник, 22 октомври 2024

Ноќе сo булдожери и разна механизација се чистеше „обемната“ депонија кај Амбасадата на САД

И тоа не е пвпат да се чисти дива депонија во близина на Амбасадата на САД во Скопје. Овојпат купиштата ѓубре и кабасти предмети се чистеа ноќе. Веројатно е тогаш не само посвежо, туку и акцијата нема да биде толку забележителна. Од скопски комуналец велат дека станува збор за „обемна“ депонија, а како што може да се забележи, во погон беа пуштени булдожери и друга механизација, а ѓубрето го носеа големи камиони. Од комуналното претријатие најавија засилени патроли. Ајде и тоа да год видиме…

Објавено на

часот

Сподели

„Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализираа во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Паркови и зеленило.

Посочениот реон претставува ‘црна точка’ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ