сабота, 27 јули 2024

Српскиот политичар Ного за утре најавува снимки од киднапирањето на Вања Ѓорчевска

Српскиот политичар Срѓан Ного денеска објави исечоци од снимки на таткото на Вања Ѓорчевска и полициски инспектори. Тоа отвори нови прашања за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

Десничарот Ного најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања Ѓорчевска, снимки пред и по киднапирањето.

Во видеонајавата тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР.

Контроверзниот српски политичар тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата, ги открил, го поврзал и го решил случајот со исчезнувањето на неговата ќерка и на Жежовски.

Ного на својот профил на Икс упатува прашања до министерот Оливер Спасовски и до обвинителот Гаврил Бубевски. „Зошто инспекторите во МВР уште на 29 ноември се распрашувале дали Љупчо Палевски Палчо и Александар Ѓорчевски се познаваат и дали биле во контакт? На 29 ноември никој не бил приведен, ниту пак телата на Вања и на Панче биле пронајдени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ