сабота, 27 јули 2024

НЛБ банка со промотивна кампања за Mастеркард бизнис картички – „За бизнис и задоволство“

Објавено на

часот

Сподели

Имено, во текот на месец јуни, правните лица – иматели на сметки во НЛБ банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мастеркард бизнис картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата.

Поконретно, постоечките корисници на Мастеркард бизнис (Mastercard Business) картичките, кои во периодот од 1 до 30 јуни, ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за картичката за следната година на користење и специјален подарок.

Воедно, бесплатна членарина за првата година на користење добиваат и сите оние правни лица кои во наведениот период ќе аплицираат за Mastercard Business кредитни и/или дебитни картички.

Mastercard Business картичкитесе наменети за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби. Можат да се користат за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина.

Повеќе детали за Mastercard Business картичкитеи промотивните понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат во сите експозитури на банката, како и на веб страницата или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ