Изминатиов викенд, Њукасл во драматичен финиш направи пресврт и славеше против Вест Хем, но вечерва избраниците на Хау испуштија победа во последните мигови од пресметката против Евертон.
Исак донесе водство за домаќините од 1-0 во 15. минута, но Калверт Луин во 88. минута реализираше пенал и се погрижи за поделба на бодовите.
Победник немаше и во дербито на Лондон помеѓу Вест Хем и Тотнем, гостите поведоа по пет минут игра, Џонсон донесе 0-1. Сепак, во 19. минута од мечот, Зума ја затресе мрежата по еден корнер за 1-1.
Истиот резултат гласеше и на дуелот помеѓу Барнли и Вулверхемптон, Нотингем Форест со 3-1 го совлада Фулам, додека пак Борнмут со минимални 1-0 славеше против Кристал Палас.