среда, 23 октомври 2024

Њујорк тајмс: Упадот на Украинците во Русија нема никаква смисла

Според истражувањето на Паси Пароинен од финската воено-истражувачка група Блек бирд, која ги анализира снимките од бојното поле, најверојатно само неколку стотини украински војници, со поддршка од оклопни возила, ја преминале границата првиот ден од нападот на Курск, а повеќе војници пристигнале вториот ден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот началник на Генералштабот на руската војска генералот Валериј Герасимов кажа дека во нападот на руските погранични области учествувале до илјада украински војници.

Западните воени аналитичари сметаат дека нападот може да е обид за одвраќање на вниманието на руските единици од другите линии на фронтот, за да се намали притисокот врз украинските трупи кои се обидуваат да го сопрат напредувањето на руската војска, пишува Њујорк тајмс.

Но, се додава дека руската војска има доволно резервни трупи за да ги ангажира во борбата и дека нападот само ризикува дополнително растегање на украинските сили.

„Оперативно и стратегиски, овој напад нема апсолутно никаква смисла“, оценува Пароинен. „Ова изгледа како грубо трошење на луѓето и ресурсите кои се на други места повеќе од потребни“.

Роб Ли, виш соработник на Институтот за надворешна политика, на социјалните мрежи оцени дека овие напади имаат „мало влијание на борбите“ во Украина и „немаат сериозни внатрешнополитички последици по (рускиот претседател Владимир) Путин“.

„Русија веќе има сили и капацитети во таа област, подобра команда и контрола, а има единици кои можат да се распоредат, а кои не се користат во Украина“, смета Ли.

Оцени дека е малку веројатно дека оваа операција ќе ја натера Русија да повлече сили од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ