вторник, 22 октомври 2024

Њујорк тајмс: Израел воено постигна сè што можеше против Хамас во Газа

Израел воено постигна сè што можеше против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или да изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се постигне договор за да се обезбеди ослободување на преостанатите 115 заложници од Газа, и живи и мртви, пишува Тајмс оф Израел.

„Израел успеа да го попречи Хамас, да убие голем број нивни водачи и во голема мера да ја намали заканата што постоеше пред 7 октомври“, изјави генералот Џозеф Л. Вотел, поранешен шеф на американскиот ЦЕНТКОМ.

Поранешниот висок функционер на ЦИА кој служел на Блискиот Исток, Ралф Гоф, рече дека Хамас во голема мера е исцрпен, но не и уништен, и дека Израелците можеби никогаш нема да можат целосно да ја уништат групата.

Пензионираниот израелски армиски генерал Јаков Амидрор не се согласува со ставот на функционерот и изјави за весникот дека Израел сè уште мора да постигне напредок во Газа.

„Ако Израел ги евакуира своите сили сега, за една година Хамас повторно ќе биде силен“, тврди тој, додавајќи дека на војската ѝ се потребни уште два или три месеци во централниот и јужниот дел на Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ