сабота, 27 јули 2024

Њујорк тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот

Палестинското движење Хамас планира да ги предаде посмртните останки на неколку заложници што беа меѓу 33-те за кои рече дека ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот за прекин на огнот што го предложи, објави денеска Њујорк тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот, во кој се цитирани две лица што биле на преговорите за договорот, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека веќе не се живи сите оние што требаше да бидат ослободени.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласи со помалку од 40-те луѓе што првично ги бараше, врз основа на тоа дека сите што требаше да бидат ослободени се живи.

Хамас синоќа соопшти дека го прифатил договорот предложен од посредниците.

Израел, пак, оцени дека договорот е многу поинаков од она на што се согласила земјата.

Официјални лица на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучи 42-дневно примирје и ќе бидат ослободени 33 израелски заложници во замена за голем број палестински безбедносни затвореници заточени во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да ги продолжат преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но се знае дека не се сите живи.

За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени сто и пет цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 беа пронајдени, вклучително и тројца убиени по грешка од војниците.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 од заложниците што сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците што дејствуваат во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ