вторник, 24 декември 2024

Њу Делхи е најзагадениот град во светот

Њу Делхи денеска се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот, откако жителите ѝ пркосеа на забраната за користење пиротехника како петарди и светлечки ракети за време на хинду-фестивалот на светлата Дивали, предизвикувајќи опасно влошување на квалитетот на воздухот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивали, целосно проголтувајќи ја во магла претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за шетачите, тркачите и велосипедистите.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот Ај кју ер, индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.

Локалните власти забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и зимските прослави во последниве години, во согласност со директивите на Врховниот суд, но тешко ја спроведуваат мерката и покрај заканата со затворска казна за прекршителите.

Некои хинду-групи тврдат дека забраната го нарушува правото на почитување на ритуалот, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.

Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на фармите во северна Индија, што дополнително го влошува квалитетот на воздухот секоја година во почетокот на зимата.

За време на палењето земјоделско земјиште, студениот, тежок воздух ги заробува загадувачите што доаѓаат од различни извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ