сабота, 27 јули 2024
Нова опција за дефанзивецот

Ниту Реал Мадрид, ниту Саудиска Арабија: Варан прави шокантен трансфер и се сели во Ленс?!

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан би можел да направи шокантен трансфер и да се врати во Ленс, клубот каде ја почна кариерата.

Варан

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Варан често е дел од трансфер шпекулациите, Французинот е незадоволен поради тоа што се пресели на клупата за резерви и го изгуби првотимскиот статус.

Се говореше дека дефанзивецот би можел да се врати во Реал Мадрид за да ја пополни дупката во последната линија на кралевите по тешките повреди на Давид Алаба и Едер Милитао.

Саудиска Арабија исто така беше посочувана како дестинација, се говореше дека Рафаел Варан може да му се придружи на Карим Бензема во Ал Итихад.

Но сега се пишува и за нова опција, односно шокантен трансфер и враќање во Ленс, клубот каде ја почна кариерата.

„Ако Варан сака да се врати, ќе го пречекаме со отворени раце. Само не знам како ќе си ја дозволиме неговата плата, читам дека ќе им било комплицирано на Баерн Минхен, а ако тие не можат да ја дозволат неговата плата, што да кажеме ние… Ајде да видиме што ќе се случи“ – рече неодамна тренерот на Ленс, Франк Ес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ