сабота, 27 јули 2024

Ниту контенјерите не помагаат, во Тетово постојано никнуваат мали депонии

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека купиштата смет што се создаваат околу контејнерите изминативе неколку недели се должи на тоа што немало каде да се носи сиот отпад од градот. Според него, надминат е проблемот со депонијата Русино каде имало ограничување на тоа колку количини смет може да се остават.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Во ова време и транзитниот центар беше преполн, во депонијата Русино имаше наредба од директорот да не носиме повеќе од 40 тони, а 100 тони имаме на ден. Го решивме тоа, депонијата Русино го прифаќа целиот смет што го носиме. Работиме во ноќни часови, за тие мали депонии, една по една, да се расчистат и приватниот оператор да може да менаџира во делот на чистење на контејнерите. Така овие 2-3 дена сè ќе биде ставено во нормала. И ако има ситуација да има некој дел каде нема да стигнат да го исчистат, ќе бидеме во контакт да интервенираме и тоа да се среди“, рече Касами одговарајќи на новинарските прашања по денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената.

Тој очекува со реструктурирање на јавното комунално претпријатие, да има повеќе можности за менаџирање на работењето на јавниот површини и зеленилото. Реорганизацијата во ЈКП Тетово ќе донесе повеќе можности насочени кон уредување на градот.

„Ќе има посебен акциски план за озеленување, за садење на цвеќиња и дрвја. Има ситуации каде што ние засадувавме цвеќе и дрвја, но немаше организациска поставеност за нивно одржување.  Сега веќе работиме сериозно Јавното комунално претпријатие што остана да биде така организирано, не само да засадува и озеленува површини, туку и луѓето да бидат одговорни во делот на одржувањето“, истакна Касами.

За подобрување на состојбата со комуналната хигиена Касами рече дека ќе се распределат нови 400 контејнери низ градот.

„Сите делови на Тетово ќе бидат покриени со нови модерни контејнери и оваа прилика ја користам да ги повикам граѓаните да не фрлаат ѓубре каде што не е место. Има ситуации да имаме празни контејнери, а околу контејнерите да има мала депонија. Ги молам граѓаните да го фрлат ѓубрето во контејнер, затоа што ако е расфрлано околу контејнерите тоа значи двојно повеќе ангажман на вработените. Јас гарантирам дека за брзо време ова ќе се стави во нормала и ќе профункционира најдобро што е можно“, истакна Касами.

Тој повтори дека големите административните процедури го отежнуваат нормалното функционирање на новото претпријатие предводено од австриско-словенечката фирма Заубермахер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ