сабота, 27 јули 2024

Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ, велат од Вреди

„Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок“, се вели во реакцијата на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. Вреди изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија“, велат од Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ