понеделник, 21 октомври 2024
Се надева дека „ѓаволите“ ќе повлечат потег до крајот на летото

Ниту Баерн Минхен, ниту ПСЖ, прв избор на Кејн за трансфер е Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн ја одработува последната година од договорот, па често се шпекулира дека ова лето ќе замине од Северен Лондон.

Даниел Леви е тежок преговарач и веќе одби две понуди на Баерн Минхен. Се говори дека „баварците“ наскоро ќе достават и трет предлог, а во игра е и ПСЖ, се најавува дека „светците“ на маса ќе стават 100 милиони евра.

Но како што пренесуваат медиумите од Англија, Хари Кејн преферира ова лето да заврши на Олд Трафорд. Ерик тен Хаг го имаше напаѓачот на листата со желби, но Манчестер јунајтед се откажа поради тоа што Даниел Леви одби да договори зделка со ривал од Премиерлигата.

Но овој став ќе омекне откако сопственикот на Тотнем, Џо Луис му наредил на Даниел Леви да се ослободи од Хари Кејн до крајот на преодниот рок доколку напаѓачот не стави потпис на нов договор.

Хари Кејн нема намера да ја продолжи соработката, сака да замине од Тотнем, па се надева дека потегот на Џо Луис ќе го предомисли Манчестер јунајтед и „ѓаволите“ ќе тропнат на вратата на „спарси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ