недела, 20 октомври 2024
Нов пресврт

Ништо од рекорден трансфер на Ливерпул: Каиседо сака само во Челси!

Објавено на

часот

Сподели

Утрово топ тема во трансфер шпекулациите беше Моизес Каиседо, Ливерпул и Брајтон си подале рака за рекорден трансфер вреден 110 милиони фунти и покрај тоа што Челси со месеци се обидуваше да го ангажира Еквадорецот.

Но се чини дека оваа зделка нема да се комплетира, неколку извори пренесуваат дека Моизес Каиседо ги информирал „црвените“ дека сака само во Челси.

Фудбалерот уште од мај месец има договор со „сините“ и сака да го испочитува дадениот збор. Сега Челси треба да достави нова подобра понуда до Брајтон.

Пред да се појават овие информации, имаше гласини дека Челси го замолил Моизес Каиседо да не брза со трансферот на Енфилд и да почека за тие на Брајтон да му понудат повеќе пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ