сабота, 27 јули 2024

Ниш ги дочека репрезентативците, нестрпливо ги чека и навивачите

Објавено на

часот

Сподели

Македонските репрезентативци од вчера се во Ниш, вчера вечерта го имале и првиот тренинг во салата во основното училиште „Мика Антиќ“, а нишлии нестрпливо ги чекаат навивачите, пред сè Македонците, за кои се очекува да го „окупираат“ градот. Над 3.500 Македонци в недела ќе извршат „инвазија“ во Ниш на отворањето против најтрофејната селекција на шампионатите, Шведска, актуелна четврта селекција на светот од ланскиот Мундијал.

Ниш ништо не ѝ оставил на случајноста, па домаќинот веќе ја најави својата понуда во следните седум дена – скара и туршија.

„Ние подготвивме богат пропаганден материјал и подготвени сме на сите навивачи да им понудиме добра забава надвор од мечевите. ‘Ниш во џеб’ е брошурата со која сите туристи ќе се запознаат со градот на Константин, во која ја има комплетната понуда, од културно-историските споменици, до кафеаните и рестораните. Нашата намера е да им понудиме на сите да го почувствуваат животот на Ниш, но и да пробаат кисела зелка, туршија, скара, бурек… Ние посебно се потрудивме да ги дочекаме Македонците, затоа што тие и ќе бидат најмногубројни. Фан-зоната ќе работи нонстоп, ќе има видеобим и ќе има пиење колку што сакаат. Зоната е така наместена за да може да се точи алкохол и е надвор од забранетиот радиус од два километри“, вели Владимир Јовановиќ, директорот на нишката туристичка организација, за локалниот весник „Народне новине“.

Градот и кафеанџиите работат со полна пареа за да се подготват за инвазијата на навивачи. Не се памети кога последен пат во нишките хотели се барале уште места, а кафеанџиите додаваат дополнителни столови за да им угодат на сите и да се покажат како гостољубиви домаќини.

„Ниш е наш познаник. Едвај чекам да почне. Ние сме подготвени, а сето ова е како да играме дома. Се надевам дека и нишлии ќе навиваат за нас“, им изјавил нашиот селектор Звонко Шундовски на српските медиуми во градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ