сабота, 27 јули 2024

Ниш е Наш!

Објавено на

часот

Сподели

Карневалската атмосфера го размрда градот. Нишлии се воодушевени од фактот што нивните кафеани се преполни, а нашите навивачи, пак, од гостољубивоста на домаќинот. Шлаг на тортата за српските домаќини е фактот дека спротивставените навивачи јадат и пијат заедно. Оттаму излегоа и видеоклиповите во кои навивачи на Шведска и на Чешка ја пеат неофицијалната химна – „Излези момче, право на тераса“.

Србија одамна има проблем со навивачите, особено кога ќе се сретнат ривалски групи. Сè уште се свежи сеќавањата на трагедијата со Французинот Брис Татон… Затоа сето ова им изгледа пресимпатично.

„Во градот има сè. Ниш не се сменил премногу. Градот ме потсеќа на Скопје, особено кејот на Нишава. Ист е како Вардар“, коментира Влатко за „Народне новине“.

Тоа што е хит, кај македонските навивачи, кои го „окупираа“ овој град во јужна Србија, е тоа што Ниш го прекрстија во Наш.

„Ниш има една јазична грешка. Наместо буквата И, треба да стои А. Овде сме како дома. Луѓето се прељубезни, а и ние сме некако врзани за овој крај. Повеќето од нас овде имаат пријатели, така да, не се чувствуваме како странци. Ова му доаѓа како некаква размена, ние на ЕП, нишлии на Нова година во Охрид“, вели Виктор.

Нормално, скарата и ракијата се први на менито на многубројните Македонци, но и вискито. За локалните весници, навивачите коментирале дека „поевтино виски не пиеле никогаш во живот“.

Градоначалникот на Ниш, Милош Симоновиќ, приредил прием за претставниците на ЕХФ и на националните тимови, а најдрагиот подарок го добил од Михајло Михајловски, првиот човек на РФМ – дрес со бројот седум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ