„По мое барање во повеќе наврати се сретнав со секого од претставниците посебно. Двете страни ги презентираа моменталните позиции за прашањето за името на своите влади. Нашите дискусии беа корисни и фокусирани на наоѓање оптимална можност за придвижување на процесот напред на конструктивен начин. Ми беа дадени цврсти уверувања дека секоја влада е искрена во својот интерес за наоѓање решение и дека тие целосно го почитуваат процесот во рамките на Обединети нации“, се вели во писмената изјава од Нимиц дистрибуирана од прес-службата на ОН.
Нимиц потоа во изјавата вели дека ќе се консултира со двајцата претставници во врска со подготовка на посета на главните градови на двете земји за продолжување на дискусиите.
„Како што се придвижуваме напред, побарав од страните да ја покажат својата посветеност во надминувањето на разликите со промовирање позитивна атмосфера преку нивните активности и јавни изјави“, се вели во соопштението.