сабота, 27 јули 2024

Николовски се скара со новинарите: Пред да се родам, чичко ми се вработил во М-НАВ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш повтори дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој расправајќи се со медиумите порача дека наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и невистини.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода, Николовски напомена дека државава треба да ги отвори вратите за младите стручни кадри, а не да им испраќа порака дека не се добредојдени тука.

Според него, некому веројатно му смета Македонците успешни надвор од државата, да се вратат тука.

„Не коментирам дали нечија фирма е семејна, ваква или онаква. Тоа не е моја работа. Моја работа е да работам чесно, стручно, искрено, отчетно и професионално. Платен сум да се грижам за македонското земјоделство, да работам во интерес на земјоделците и медиумите треба да обрнат поголемо внимание на тоа. Уште еднаш ќе повторам, чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а внукот е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија. Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 – 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема? Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК која е комплетно затворена. Вие може да проверите низ сите инстиуции каква била постаpката и дали станува збор за некој што не е квалификуван или школуван и дали доаѓа во областа што треба“, истакна Николовски.

Според него, земјава треба да има професионална администрација и да му обезбеди шанса на секого.

„Од што се незадоволни младите? Од тоа што немаат шанса, а јас имам докажано дека вработените во мојот Кабинет како вицепремиер за борба проитв корупција ниту ги имам бирано, ниту имам влијаено, туку ги запознав дента кога завршија сите постапки и со тоа дадовме пример дека може да се стави крај на непотизам, партиски влијанија и партизација. И во МЗШВ ја отворивме вратата за студенти, за 50 млади за кои немам никакво влијание, ниту знам кои се и како се. Важно е дека се стручни и професионални, одработија најдобро и на новиот модел и на новата реформа. За разлика до овој наратив, се борам секој млад човек да остане тука, а не да го демотивираме и да пратиме порака: ‘тука не бива – бегајте’. Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинарите и жалам што во годината на над 100 проекти тие не се промовираа“, напомена министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ