сабота, 27 јули 2024

Николов: Катастрофа е тоа што за десет дена треба да играме четири меча

Објавено на

часот

Сподели

УЕФА реши веднаш по завршувањето на сезоната да им даде четири меча за десет дена на репрезентациите во Лигата на нации. Тоа е проглем за оние кои немаат широк ростер на квалитетни фудбалери па да можат да играат со разновидни состави.
 
Тоа го потенцира и Николов, но вели дека ќе го дадат максимумот, а фокусот најпрво е ставен на Бугарија, па потоа ќе се размислува на Гибралатар и Грузија.
 
„Тука сме за да ги одиграме овие четири меча, а кога доаѓаш за репрезентацијата ништо не е тешко. Катастрофа е ова за десет дена да играш четири меча, но не може во тоа да навлегуваме ние, си има нови правила. Ќе биде тешко, но не бараме оправдувања. Ќе покажеме и во четврток и во овие четири меча дека можеме, ќе го истуркаме ова и ќе победиме.Ако играме како што знаеме, не треба да се фокусираме на Бугарија, туку само на нас. Ако играме како што знаеме ќе ги добиеме. После ќе размислуваме за Гибралтар, Грузија…“, вели Николов.
 
„Наша цел е првиот меч, не не интересира другите мечеви. Прво се фокусираме со Бугарија, знаеме и не бегаме од улогата на фаворити. Знаеме прво место што носи, шанса пак да играме на едно Европско првенство. Тоа што се случи со Италија и Португалија да го оставиме зад себе и треба да се фокусираме на нови предизвици. Сега треба да сме уште повеќе концентрирани и да покажеме дека ништо не е счучајно во фудбалот“.
 
„Секој што е тука со нас, не случајно е тука, момците се одлични, ја минаа младата селекција, квалитетни се и многу ќе ни помогнат зашто играат во добри клубови. Сите што се тука во репрезентацијата ќе помогнат на било каков начин, ние сме тука на нив да им дадеме поддршка и мислам дека добро се вклопија и мислам дека подолго време ќе останат со нас“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ