Бобан Николов кој во последно време не добива повици од селекторот Милевски поради тоа што до неодамна имаше нерешен клупски статус, го даде првиот гол за новиот клуб.
Николов погоди во 13. минута и го отвори мечот меѓу Унионе и Кишварда, неговиот клуб на крајот славеше со 6-0.
Николов на теренот се задржа до 61. минута кога беше изваден, а цел меч за Кишварда одигра Марио Илиевски.