понеделник, 21 октомври 2024

Николоски за посетата во Србија: Затоплување на односите и зголемување на економската соработка

Зборувавме за политичка и за економска соработка, секако за затоплување на политичките односи и за подобрување за економската соработка, зголемување на трговијата, на трговската размена, отворање на што повеќе работни места и во Македонија и во Србија за компании кои што работат и во Македонија и во Србија, изјави вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николовски, кој денес во Белград со заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, оствари средба со претседателката на Собранието, Ана Брбнабиќ и со министерот за надворешна и внатрешна трговија Томислав Момировиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска сме во официјална посета на Република Србија. Мoжам да кажам дека Мaкедoнија и Србија оддржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие односи и релации уште повеќе ќе се подобрат затоа што се работи за два пријателски, два братски народи кои што треба да имаат најдобри односи и најдобра соработка“, кажа Николоски.

На средбите разговарано е за подбрувањето на инфраструктурата, пред сè во делот на коридор 10 и изградбата на брзата пруга.

„Знаете дека една од главните заложби на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и моја лична како потпретседател на Владата и министер за транспорт е изградба на брза пруга Скопје-Солун која што треба да се надоврзе на брзата пруга која што веќе постои од Солун до Атина и исто така на брзата пруга Белград – Будимпешта – Виена, а се надевам дека во најбзро време Србија ќе ја изгради брзата пруга Белград – Ниш-Скопје и на тој начин Македонија да биде поврзана со возови што се движат со 200 km на час и поврзана со Централна и Западна Европа на брз и квалитетен начин. Во исто време да се развива бизнисот затоа што ќе се отворат две големи пристаништа кои природно гравитираат кон Македонија, а тоа е Солунското и пристаништето Пиреа во Атина“, изјави Николоски.

Македонската делегација покрај средбите со претседателката на Собранието Брнабиќ и со министерот за внатрешна и надворешна трговија Момировиќ, ќе има средба со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, со министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, а вечерва е закажна средба и со претседателот на Владата, Милош Вучевиќ.

Николоски додаде дека во следниот период „договараме посета на Владата на Србија во Македонија, а за скоро време и очекуваме да се воспостави една соработка на одржување на заедничи седници на македонската и српската влада”.

Денеска е објавено дека Стопанската комора на Србија (ПКС) наскоро ќе отвори претставништво во Скопје со цел да обезбеди уште посилна поддршка за зајакнувањето на економските врски меѓу двете земји и да покаже дека Србија и  Македонија се вистински примери за успешна регионална соработка без бариери, јави дописникот на МИА од Белград.

„Веќе направивме многу, малку ни недостасува да бидеме пример како треба да функционира ‘оне-стоп-шоп’ кога е во прашање трговијата со услуги и стоки, дека навистина немаме никакви пречки и дека можеме да функционираме како земјите од ЕУ. Нашата цел е Србија и Северна Македонија да бидат пример за земји кои јасно покажуваат како можат да им го олеснат бизнисот на своите бизнисмени до таа мера да размислуваат за административни прашања, туку да се занимаваат со она што најдобро го знаат, а тоа е да се создаде нова вредност“, соопшти денеска Марко Чадеж, претседател на ПКС.

Како што посочи тој, првите активности на претставништвото ќе бидат насочени кон забрзување на административните процедури со цел непречено поврзување на единствениот пазар, како и поврзување на деловните заедници и партнери.

„Веќе ја почнавме процедурата за отворање претставништво, имаме големи планови, работиме како и досега и уште поинтензивно“, рече Чадеж.

Претставник на Стопанската комора на Србија во Скопје ќе биде Нола Исмајлоска Старова. Таа веќе има големо искуство во одлична соработка со ПКС и коморите во регионот, на полето на регионалната соработка и на полето на евроинтеграциите.

„Претставништвото на ПКС во Скопје ќе биде силна поддршка за уште подобра соработка меѓу економиите и компаниите од двете земји“, рече Исмаиловска Старова, која очекува овој одличен пример да го следат и другите комори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ