сабота, 27 јули 2024

Николоски: За криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола некој ќе одговара

Власта на СДС и ДУИ на заминување прави масовна кражба на ЕЛЕМ и РЕК Битола. Целта е да се искраде сѐ што може на заминување. Tендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул, пишува Александар Николоски на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Николоски информира и дека во сообраќајна несреќа при судир на еден од камионите кој превезуваат јаглен со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола, пишува Николоски.

„енеска од 10 часот ќе има уште еден таков протест. Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка. А за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат соодветни постапки за расчистување. Криминалците ќе одговараат!“, пишува Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ