сабота, 27 јули 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема ветено уставни измени, 30 години се попушташе, доста беше

Објавено на

часот

Сподели

Николоски порача ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека ги стави во Собранието на Македонија на дневен ред.

„Ние сметаме дека договорот е лош, ние мислиме дека директно удира во темелите на македонската држава и затоа не прифаќаме“, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека  зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача Николоски.

Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.

„Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истражувањето на Детектор покажа дека 56 отсто од граѓаните на Македонија се против уставните измени, а кога станува збор за Македонците, против се над 70 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ