недела, 12 јануари 2025
Одговор на изјавата на премиерот

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е под политички прогон, мастер планот на власта не успеа да згасне партијата

Објавено на

часот

Сподели

Николоски се согласи со водителот на вестите на телевизијата, дека криминалот и корупцијата не се поврзани само со актуелната власт, туку, рече, и во изминатите 30 години, па и додека беше Македонија дел од Југославија.

„Ковачевски има целосна контрола врз правосудството и предметите против опозицијата не се во фиока, напротив, ако некој е под политички прогон, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Над 3 илјади членови на ВМРО-ДПМНЕ се или под истрага или под обвинение или во судски процес. Тоа е класичен политички прогон, се гонат најчесто заради политички причини. И, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Европа која е под таков, политички прогон“, рече Николоски.

Тој нагласи дека постои „мастер план“ за гаснење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Носител на тој план беше Радмила Шекеринска. Идејата беше да се одземе имотот и да се забрани дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во рок од 2 години. А потоа и да се забрани во целост. Зошто тој план досега не успеа? Затоа што им се распадна Специјалното јавно обвинителство токму заради криминал одвнатре. Втората причина е затоа што победивме убедливо на локалните избори. Пораката е дека е кастрофално во Македонија што власта може да изврши дури и вакво влијание врз судството“, изјави Николоски.

Според него, нема потреба од нови институции за борба со криминалот, туку, ако се остават институциите да работат според закон, состојбите ќе се вратат во нормала за нешто повеќе од 6 месеци.

„Корупцијата ниту почнува, а ниту завршува со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Многу повисоко е. Корупцијата во Македонија е во врвот на власта и во врвот на останатите полуги на она што значи власт во Македонија, не само во извршната власт, туку и во останатите власти. Така што корупцијата доаѓа од првенците на власта во Македонија. Вториот феномен е што Македонија си дозволи да се покрене една цела лавина за корупциски активности само откако надворешна странска држава посочи дека има криминал и корупција, а претходно институциите беа заспани“, рече Николоски.

Според него, со отворањето на оваа црна листа на тест се ставени и европските интеграции на земјата, бидејќи, како што посочи, според информациите што ги има, најмалку две големи земји членки на ЕУ ќе мониторираат што се случува со луѓето кои се ставени на црната листа.

„Тие размислуваат и сами да направат црна листа и да го стават на тест целото македонско општество во насока на тоа како се однесува со овие пораки. И тоа ќе е клучно и теоретски да се реши проблемот со Бугарија, тоа ќе е тест дали на Македонија ќе и се дозволи да преговара за членство со ЕУ“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека главниот проблем со дејствувањето на СДСМ и ДУИ се две лица – од Израел. Тие се ангажирани за пропагандата и главниот фокус им е создвавање на поларизација.

„Тоа предизвикува штета и ќе биде потребно многу време да се намали поларизацијата која се шири и во општеството“, рече Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ