вторник, 22 октомври 2024

Николоски: Условот за трет мобилен оператор е тој да биде од земја-членка на ЕУ или НАТО

Дали ќе имаме трет мобилен оператор или ќе најдеме друг начин да ги намалиме цените на услугите, за тоа треба да одлучиме како влада, рече министерот за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во вестите на Сител телевизија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Но основен услов за трет мобилен оператор е тој да биде од земја-членка на ЕУ или на НАТО и да користи технологија што е т.н. чиста и одобрена од Алијансата, со строга забрана за користење на руска, кинеска, индиска технологија, која не е одобрена од НАТО“, рече Николоски.

„Ако сакаат да го напаѓаат ‘Фор ај џи’, нека проверат кои се неговите сопственици. Еден од неговите сопственици е најголемата воена индустрија од Германија, ‘Рајн метал’, која меѓу другото ги произведува и тенковите ‘Леопард’“, рече Николоски.

„Така што, кога нѐ напаѓаат од двата оператори преку свои играчи, нека се подготват подобро. Но наместо да губат енергија и време да ме напаѓаат мене, премиерот Мицкоски и Владата, нека размислат како да ги поевтинат услугите“, рече министерот, одговарајќи на прашањето за нападите дека унгарската групација ‘Фор ај џи’, која испрати писмо со намери до Владата да инсталира мобилна мрежа во земјава, има стратегиски договор со кинеска компанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ