сабота, 27 јули 2024

Николоски: Уцени не прифаќаме, Груби и Ахмети сакаат да ги заштитат криминалот и корупцијата

Највисоката функција во државата, претседател на државата, титуларно е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата. Така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на предлозите на ДУИ изборот на претсдеателот на државата да се врши во Собранието.

 

Објавено на

часот

Сподели

Николоски вели дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.

„Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Николоски.

Тој упати повик до граѓаните масовно да излезат на избори и во што поголем број да гласаат.

„Во исто време ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова“, дециден е Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ