петок, 27 декември 2024

Николоски: Средбата со Макрон на конференција од еден, говори и за авторитетот на премиерот Мицкоски и за угледот на Македонија

Министерот за транспорт, Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања, ја оцени средбата на премиерот Христијан Мицкоски со францускиот претседател Емануел Макрон во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница, како „многу значајна“ од аспект дека Макрон,  во моментов практично станува лидер на Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Таквиот статус на Макрон, Николоски го согледува имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека e извесно, не подоцна од март 2025 година дека таму ќе има избори.

„ Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки. И на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија“, оцени Николоски.

Тој рече дека нема информации дали на самитот во Будимпешта дошло до средба меѓу премиерот Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски вчера на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, остварил средба со шефот на француската држава, Макрон. Мицкоски по средбата објави дека со Макрон отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓу другото, Мицкоски информира дека остварил низа билатерални средби, на кои ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, како што рече, она што е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ