понеделник, 9 декември 2024

Николоски: Според договорот со „Бехтел и Енка“ 53-те милиони евра секако ќе се платат

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со Бехтел и Енка!

Исто така пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра ќе се плати!

Договорот Влада – Бехтел и Енка беше потпишан на 8 март, а 45 дена поминуваат на 22 април! Тоа значи дека на 23 април сите граѓани на Македонија ЗА НИШТО ќе треба да платат 53 милиони евра!

Ова не е само основ за оставка на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не им бегаат“, напиша Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ