сабота, 27 јули 2024

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп грозје, субвенции за производителите и возобновување на Повардарие

Објавено на

часот

Сподели

„Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот. Сериозно ќе треба да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите. Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да се подобрат цените и да се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму ќе можеме да понудиме најдобар производ“, изјави Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ