Тој истакна дека тоа е процес од којшто граѓаните имаат најголеми очекувања, но за жал се одвива со динамика спротивна на очекувањата на граѓаните од причина, како што наведе Николоски, структурите во овие институции се вгнездени преку три децении и даваат силен отпор.
„Граѓаните очекуваат ред и правда, но за жал ниту Обинителството ниту судството тоа го испорачуваат. Тоа не значи дека сите таму што работат се неспособни или корумпирани, но една мала клика која што е добро поврзана меѓу себе и која политички има бизнис мотиви го урнува целокупниот систем и затоа сакаме да воведеме ред. Првиот чекор беше интерпелациите на членовите на Републичкиот судски совет. И јас очекував дека дента кога ги поднесоа интерпелациите ќе поднесат оставка од причина што мнозинството кои ги избрало веќе не постои и не само што не постои доживеа и катастрофален пораз на парламентарните избори што значи дека народната волја е јасно. Но, наместо тоа, тие решија да се спротиставуваат, ќе поминеме низ процедура на разрешување во Собранието и ќе бидат разрешени“, смета Николоски.
Според него, слично е и со Обвинителството. И таму се давало отпор, но тоа било прашање на месец или два.
„Правдата ќе ги стигне сите тие што згрешиле. Јас можам да кажам само за ресорот што го водам преку 29 кривични пријави и иницијативи имам поднесено до соодветните институции до сега не е реализирана ниту една што најмногу кажува како и што работат. Слушаме ммогу ветување но малку реализација“, додаде вицепремиерот Николоски.