понеделник, 21 октомври 2024

Николоски: Обвинителите ја испитуваат пресудата на Апелацискиот суд за случајот Телеком

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информираше дека обвинители ја испитуваат пресудата на Апелацискиот суд Скопје за случајот во кој Телеком треба да исплати четири милони евра на човек фирма од Штип.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние по службена должност бевме известени и јас го инфомирав Јавното обвинителство и побарав да го испита случајот имајќи предвид дека во службеното известување кое го добивме, добивме информации коишто се навистина сериозни за состојбата во судството во Македонија. Ние впрочем и затоа бараме да се распушти Судскиот и Обвинителскиот совет затоа што состојбата е многу лоша и довербата во судството е никаква, а вакви случаи дополнително ја урнисуваат довербата во судството. Така што, очекувам надлежното Јавно обвинителство да постапи по овој предмет и по ова наше укажување и да се расчисти цела таа работа и да се види кои судии ја донеле оваа одлука и зошто ја донеле оваа одлука“, вели Николоски.

Следно што е сомнително, според него, е што самиот Апелациски суд во еден ден издал две различни соопштенија.

„Мислам дека тоа многу говори и за состојбата во самиот суд. Така што, на потег е Обвинителството да се расчисти целата оваа работа со цел и да има одговорност за сите оние коишто ја донеле оваа одлука, но и да нема вакви одлуки во иднина“, рече Николоски.

Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје и пресуди дека Телеком треба да исплати четири милиони евра на човек фирма од Штип.

Поради ова Телеком покрена постапка пред Судскиот совет против судиите кои ја донеле ваквата пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ