„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.
Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор.
Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните.
Исполнуваме! За тебе“, напиша Николоски на својот фејсбук-профил.