вторник, 7 јануари 2025

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и за Париз, се преговара со Катар ервејз за нивна авио линија од Скопје и веројатно годинава Скопје ќе стане третиот град на Балканот, по Белград и Истанбул, од каде ќе се изведуваат прекуокеански летови. Ова вечерва на гостувањето на ТВ Сител го изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој најави дека годинава ќе почне и целосна реконструкција на зградата на терминалот на охридскиот аеродром.

Годинава од Скопје ќе се лета за Дубаи, Барселона, Лион и Штудгард, а охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и со Базел Милхауз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ