понеделник, 23 септември 2024

Николоски: Моја оставка може да побара Мицкоски или народот

Оставка од мене може да побара премиерот или да побараат оние што ме избрале, а тоа е народот, изјави вечерва потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Според Николоски, недозволиво е странска држава да бара оставка од потпретседател на влада и министер.

Николовски во гостувањето на Сител рече дека барањето на бугарски политичари тој да си даде оставка значи директно мешање во внатрешните односи на една држава, додавајќи дека она што го прави Бојко Борисов покажува всушност дека тие сакаат да ги водат политичките процеси во земјава.

„Од оваа перспектива не е ни за зачудување една информација којашто излезе пред неколку години кога се случи фамозниот Француски предлог, да сакаат обвинителите во Македонија да ги бираат. Така што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене“, рече Николоски.

Додаде дека во Бугарија има екипа од дваесетина личности кои се обидуваат да ги нарушат пријателските односи меѓу двете држави.

– Таа екипа од дваесет политичари и историчари успеа да уништи добри односи помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи и имаат добри односи. Дваесет политичари и историчари успеваат да ги уништат тие односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво заради овој пристап то го имаат, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ