понеделник, 16 септември 2024

Николоски и Стоилковиќ во Белград изразиле интерес за гасното поврзување со Србија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и вицепремиерот и министер за односи со заедниците Иван Стоилковиќ денеска во Белград разговарале  со министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, за реализацијата на заедничките проекти, меѓу кои е изградбата на гасната интерконекција меѓу двете држави.

Фото: Министерство за рударство и енергетика на Србија

Објавено на

часот

Сподели

„За безбедно снабдување на регионалниот пазар со природен гас, потребна ни е инфраструктура и алтернативни патишта за снабдување. Изградбата на гасната интерконекција Србија-Северна Македонија обезбедува диверзификација на патиштата и изворите на снабдување, подобрување на безбедноста на снабдувањето на Србија, Северна Македонија и целиот регион, овозможува понатамошен развој на дистрибутивната мрежа на јужна Србија и интеграција на постојните и идните капацитети за складирање на природен гас во единствен енергетски систем, изјави министерката Ѓедовиќ Хандовиќ, како што се наведува во соопштението на нејзиното министерство, а пренесува МИА од Белград.

Српската министерка нагласила дека во тек е подготовката на Просторниот план на подрачјето со посебна намена, како и Физибилити студијата и Студијата за оцена на влијанието врз животната средина, кои се финансираат од фондовите на ЕУ.

Според неа, должината на гасоводот од српска страна е 47 километри и се очекува работите во вредност од 42 милиони евра да бидат завршени во 2027 година.

Министерката потсетила дека Србија и Макаедонија имаат добра соработка и во Енергетската заедница со оглед на сличниот енергетски микс и предизвиците со кои се соочуваат и дека очекува таа соработка да продолжи.

Вицепремиерот Николоски, изразил задоволство од зајакнувањето на соработката и истакнал дека изградбата на гасниот интерконектор Србија – Македонија е стратегиски проект и дека очекува гасоводот меѓу Македонија и Грција да биде завршен следната година, со што ќе формираат природен коридор за транспорт на природен гас од Грција, преку Македонија до Србија, што би било многу важно за регионалната енергетска безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ