сабота, 27 јули 2024

Николоски: Голем скандал во РЕК Битола со тендерот за конзулот на Белорусија Марковски

Би сакал да го прашам менаџерскиот тим на Електрани на Македонија и особено шесте лица потпишани на договорот за јавна набавка, Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски, кој е нивниот мотив или да бидам попрецизен кој е нивниот финансиски интерес со цел да спроведат и да потпишат ваков тендер, изјави денеска Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за скандалот со тендерот за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски.

Објавено на

часот

Сподели

Ова значи дека Марковски компани ќе работи на три паралелни тендери со иста механизација, затоа што претходно со договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 3 октомври 2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација како и на новиот тендер од 46 милиони евра.

Исто така раководството на Електрани на Македонија свесно и намерно дозволиле во условите на тендерската документација да нема забрана и злоупотреба односно да може да се користи истата опрема и истиот кадар.

Еден од критериумите за утврдување на техничката способност со кој се барало идниот економски оператор да има извршено ископ од најмалку еден милион тони јаглен или 8 милиони тони јаловински маси кумулативно во последните три години.

Во претходната постапка која исто така ја добил Марковски компани се барало да има само ископ на јаловина од пет милиони кубици, значи повторувам во оваа тендерска постапка се бара да има ископано 8 милиони тони кубици јаловина, а во претходната да има ископано 5 милиони кубици јаловина, а разликата од 3 милиони кубици јаловина е толку колку што има Марковски ископано помеѓу двата тендери. Значи практично расте критериумот како што растат тендерите на Марковски комапни со цел дискриминирање на останатите, а фаворизирање на еден економски оператор со цел никој друг да не може да учествува.
Ова и бројни други факти говорат за сериозниот криминал кој се случува во РЕК Битола во корист на само една компанија за што најдобар доказ се јавните набавки кои Марковски компани ги има добиено во РЕК Битола.

Само во периодот од јануари 2021 година до февруари 2024 година, односно за 3 години Марковски компани има добиено 58 тендери во РЕК Битола во вкупна вредност од 163 милиони евра. Само со последниот тендер можат да се изградат половина од сите средни училишта во Македонија. Само со последниот тендер од 46 милиони евра македонските средношколци можат да добијат нови училишта, практично секое второ средно училиште да биде ново само со последниот тендер на Марковски компани, а со вкупниот број на тендери можат да се изградат сите средни училишта во Македонија и да останат пари и за спортски сали и за базени и да имаме комплетна преродба на македонското образование.

Но, власта не го прави тоа, туку решава да работи за своите криминални потреби.
Повикувам надлежните органи, јавното обвинителство пред се сите тендери кои ги има добиено Марковски компани и да каже како е возможно за само 3 години да добиле тендери во вредност од 163 милиони евра, 58 на број, а исто така повикувам ЈО да испита зошто шесте директори на РЕК Битола прво не сакале, а потоа решиле да ја потпишат спорната јавна набавка за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 46 милиони евра.

Доколку тоа не го стори сега ЈО ќе го стори ослободеното ЈО по претседателските и парламентарните избори на 8 мај, по кои и точка и запирка ќе биде прегледана и сите кои прават криминал ќе одговараат“, изјави Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ