недела, 26 мај 2024
Претседателски избори 2024

Николоски: ДУИ да не повикува на бојкот

Не е паметно ДУИ да повикува на бојкот на вториот изборен круг за избор на претседател на државата, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој додаде дека разликата меѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски веќе е повеќе од 170 илјади гласови.

Објавено на

часот

Сподели

Според последните резултати на ДИК, Сиљановска-Давкова освоила веќе 320.000 гласа со обработени околу 70 отсто од податоците.

„На 8 мај очекуваме победа на нашата кандидатка за претседател на државата, а на парламентарните избори 61 пратеничко место. Денеска имавме повеќе гласови во Струмица, во Муртино… тоа јасно го покажува расположението на македонските граѓани. Очекувам над 61 пратеник за стабилна влада која нема да биде уценувана. Ова денес беше силна порака од македонските граѓани, кои сакаат да бираат претседател, а не Али Ахмети“, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ