четврток, 30 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Николоски: Да не дозволиме и натаму да газдува Али Ахмети

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент една мала клика која што е оптеретена само со личните интереси и владее со Македонија. Тоа е недозволиво, Талат Џафери да продолжи да биде премиер на Македонија. Битката на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ да освои најголем број пратеници за да може да формира Влада која нема да биде уценувана од никого“, рече Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има до сега најсеопфатната програма наречена „Платформа 1198“, каде што планираме бројни проекти за цела држава.

„Планираме целосна децентрализација на финансиите. 250 милиони евра секоја година да се спуштаат во општините. Охрид секоја година ќе добива осум милиони евра дополнително на буџетот што го има општината, тоа се 32 милиони евра за еден инвестициски четири годишен циклус, а тоа е една милијарда за сите општини заедно“, рече Николоски.

Во однос на тоа од каде пари за ова, Николоски истакна дека одговорот е едноставен и дека нивната проценка е дека толкава е штетата која што криминалот и корупцијата ја прават на буџетот на Македонија, само тоа да се реши ете ги парите за општините.

„Понатаму, мислиме и на најмладите и на најстарите. За најмладите проектот „Купи куќа“ со кој што до 50% ќе се субвенционира изградба на нови куќи или купувања куќи за млади брачни двојки, а за пензионерите исправање на историската неправда и зголемување на пензиите пет илјади денари линеарно“, истакна Николоски.

Тој додаде дека тука се и привлекувањето на странски инвестиции, по што е познато ВМРО-ДПМНЕ, како и стимулирање на домашните инвеститори.

„Но, за сето ова да го направиме, ние мора да го исчистиме криминалот од Македонија. Во моментов, олицетворение на криминалот и корупцијата во Македонија е политичката партија ДУИ. На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија или Македонија ќе се ослободи со влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со Христијан Мицкоски премиер. Тоа е едноставното прашање на кое треба да одговорат граѓаните, затоа повикуваме на голема, масовна, референдумска излезност. Сите кои што се во Македонија да излезат и да гласаат, оние кои што се во дијаспората, доколку можат, исто така да дојдат и да гласаат и на 8 мај да се случат промените во Македонија, за како што велиме, Македонија да е повторно твоја“, порача Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ