петок, 26 јули 2024

Никола Калиниќ потпиша за Хајдук, ќе игра за 1 евро

Хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ стави потпис на договор со Хајдук, нашиот Александар Трајковски му ја даде деветката.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Калиниќ се враќа во Хајдук каде играше и минатата сезона. Сега стави потпис на договор до крајот на сезоната и ќе игра за само едно евро.

„Ова беше најлесниот договор во мојот тригодишен престој во Хајдук, да, платата е 1 евро“, рече директорот на клубот, Миндаугас Николичиус.

„Никола се враќа со една цел, да му помогне на Хајдук да ја освои титулата по 19 години“.

Калиниќ ќе игра со дресот со број девет кој претходно го носеше Александар Трајковски, Македонецот ќе добие друг број.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ