петок, 24 јануари 2025

Никола Јокиќ го направи 150. трипл-дабл во кариерата, петти по ред (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше нова извонредна партија со која го предводеше Денвер до победа над Сакраменто од 132-123, српскиот кошаркар запиша уште еден трипл-дабл.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер уште од првата четвртина направи убедлива предноста и брзо го реши прашањето околу победникот. Домаќините во последниот период влегоа со +25 поени, беше 110-85. Па во опуштена игра до крајот му дозволија на противникот да се избори за пристоен пораз, конечниот резултат беше 132-123.

Никола Јокиќ беше убедливо најдобар на теренот, Србинот постигна 35 поени, имаше 22 скокови и 17 асистенции. Моќен трипл-дабл, петти по ред, а јубилеен 150. во НБА кариерата.

Најдобар кај Сакраменто беше Дероузен со 24 поени, Сабонис имаше добра партија со 23 поени, 19 скокови и осум асистенции.

Резултати:
Орландо – Портланд 79-101
Атланта – Торонто 119-122
Оклахома – Далас 115-121
Милвоки – Мајами 125-96
Денвер – Сакраменто 132-123
Голден стејт – Чикаго 131-106
ЛА Лејкерс – Бостон 117-96
ЛА Клиперс – Вашингтон 110-93

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ