сабота, 26 октомври 2024
Во пресрет на гласањето на Резолуцијата за Македонија во германскиот Бундестаг

Никој не може да го гарантира македонскиот идентитет ако тоа не го направиме самите

Објавено на

часот

Сподели

Оваа поддршка е пред сѐ симболичен чин со оглед на сите превирања и идентитетски дилеми кои ги отворија споровите со Грција и Бугарија. Во контекстот во кој се носи таа е симболична порака до делот од јавноста и политичките елити кај нас кои се загрижени за идно вградување на идентитетски прашања во пристапниот процес. Сепак текстот сѐ уште не сме го виделе па би требало да бидеме внимателни во коментирањето“, вели Кацарска.

За Андреја Стојковски извршен директор на Преспа Форумот со Резолуцијата, Германија испраќа силна политичка порака.

„Со ова Германија праќа силна политичка порака што ќе значи дека нејзиниот став во врска со Македонија и нејзиниот идентитет е јасен. Сето ова ќе остане забележано и зачувано во архивите на официјалната германска политика“, вели Стојковски.

Со оглед на тоа што со Резолуцијата ќе треба да се даде поддршка дека македонскиот идентитет, јазик и култура нема да бидат загорзени, и Стојковски и  Кацарска се согласни дека никој не може да го гарантира македонскиот идентитетот ако тоа не го направиме сами.

„Токму оваа Резолуција покажува дека дел од политичарите нема веќе да можат да ги плашат граѓаните со губење на идентитетот. Никој не може да ви го гарантира вашиот идентитет ако не го направите сами тоа. Во рамките на Европската Унија, ние тоа го правиме преку употребата на македонскиот јазик, со творењето на македонски јазик, со отворање на лекторати низ светот, со публикување на дела на македонски јазик“, вели Стојковски.

За Кацарска пак токму затоа со изгласувањето на Резолуцијата треба да очекуваме само симболична поддршка.

Не може да очекуваме дека резолуција на парламент на странска држава ќе гарантира нечиј идентитет. Очекуваме симболична поддршка, и до одредена мера веројатно насоки за германската влада кои таа би требало да ги има во предвид“, вели Кацарска.

Пратеникот Антонијо Милошоски за МКД.мк изјави дека го поздравува овој најавен потег, но потсетува на слична таква Резолуција и во 2004 година, а која се однесуваше на почитување на уставното име на Македонија, која никогаш не била применета.

„Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи“, вели за МКД.мк  Милошоски.

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет и тие нема да бидат загрозени со вметнувањето на Бугарите во Уставот, уверува во изјава за Дојче Веле германскиот пратеник Томас Хакер од Либерланата партија (ФДП) која е дел од парламентарното мнозинство, а тој е еден од иницијаторите на Резолуцијата. Тој смета дека влезот на Македонија во ЕУ е во интерес како на Германија, така и на Унијата.

Спроведувањето на компромисот нема да доведе до загуба на македонскиот јазик, култура и идентитет, како што стравуваат некои политички експонирани личности во Северна Македонија. Исполнувањето на договорот ќе му овозможи на Скопје да го отвори првиот преговарачки кластер, а тоа е од клучно значење”, вели Хакер.

хакер

                                                                                                                                        Фото: ДПА

Хакер посочува дека Македонија е единствен пример во регионот за целосна подготвеност за евро-атлантската интеграција. Затоа со резолуцијата се бара и пристапниот процес кон ЕУ да се направи „поиновативен“.

Ваков каков што е веќе со години, не може да продолжи. Затоа, на Северна Македонија и на другите земји кои искрено се залагаат за членство во ЕУ, мора да им понудиме атрактивни меѓучекори. Предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која сака да овозможи поблиско поврзување со земјите од Западниот Балкан со планот од четири точки, оди во вистинска насока, вели Хакер.

Германското Собрание денеска ќе расправа и ќе гласа за Резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет.

                                                                                                                                                                  И.О.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ