петок, 18 октомври 2024

Никој наставник нема да остане без работа и плата поради интегрирањето на предметите, тврди Шаќири

Објавено на

часот

Сподели

,,Промените кои ги правиме немаат за цел никому да наштетат. Напротив, проектирани се да го подигнат квалитетот на часовите и јас уверувам дека ниту еден наставник нема да остане без работа или пак да му биде намалена платата поради спојувањето на предмети, за што во јавноста уште минатата година се појавија дезинформации со кои креаторите сакаа да создадат вознемиреност и несигурност кај наставничката фела. Но јас потврдувам дека со наставниците сме на иста страна и заедно низ дијалог со вас и другите синдикални организации ќе работиме за унапредување на нивните права”, рече Шаќири.

Тој додаде дека воопшто не треба да се размислува за намалување на нечии плати во образованието, затоа што токму оваа Влада во неколку наврати ги зголеми платите на вработените во основните и средните училишта.

,,Во моментов со поддршка од УНИЦЕФ и низ социјалниот дијалог, работиме на нова формула за финансирање на основното и средното образование, како и нова методологија за пресметка на плати, со што очекуваме нов пораст на личните примања на наставниците, но за ова дополнително ќе информираме откако ќе имаме нешто поконкретно дефинирано”, нагласи министерот.

Од синдикатот изразиле задоволство што министерот и МОН покажуваат голема отвореност за соработка и заложба за подобрување на состојбите во областа на образованието и науката, а особено за подобрување на условите за работа и воопшто за унапредување на правата на наставниот кадар.

Од МОН велат дека од синдикатот посочиле дека натаму ќе даваат свои предлози и идеи за да придонесат кон креирање на што поефикасни национални образовни политики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ