сабота, 27 јули 2024

Никарагва ја тужи Германија бидејќи му помага на Израел

Никарагва во Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) поднесе тужба против Германија за давањето финансиска и воена помош на Израел и прекинувањето на средствата за агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА), соопшти највисокиот суд на ОН.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Никарагва побара од ИЦЈ да донесе итни мерки кои ќе го примораат Берлин да престане да му пружа воена помош на Израел. Судот обично го одредува датумот на сослушувањето за бараните итни мерки во рок од неколку недели од моментот на поднесувањето на тужбата.

Според тврдењето на Никарагва, Германија ја крши Конвенцијата за геноцид од 1948 година и Женевската конвенција од 1949 година за законите за војување на окупираните палестински територии.

Тужбата се надоврзува на јужноафриканската тужба против Израел поради можниот геноцид над Палестинците во Газа.

Германија и Соединетите Американски Држави се најголемите извозници на оружје во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ